Сакате да го промените изгледот на екстериерот?

SavaDECK wood line зрачи со топлина и масивен изглед на бродска палуба.

Можност за изработка на различни видови подлоги

Savadeck wood line придружниот материјал овозможува брза и лесна монтажа на бетон, песок како и на земјена подлога.

Применливи на нерамни терени

Savadeck wood line подните облоги предвидени се за обложување на скали и изработка на постави и каскади.Со прилагодување на подконструкцијата, декинг платформата може едноставно и брзо да се постави на терени со изразена косина.

Разубавете ја терасата

Декинг подовите едноставно се поставуваат преку плочки, штампан бетон, бекатон и сл. Може да се поставуваат преку хидроизолација.

Декинг за базени

Анти-лизгачката шара овозможува непречено и безбедно користење кога на површината има вода. SavaDeck wood line профилите се изработени од дрвен масив, претставуваат природен изолатор, заради што можете со боси нозе слободно да чекорите дури и за време на врелите, летни денови.

Градини/тераси за угостители

Savadeck wood line е практично решение за сите видови угостителски објекти. Може да се постави преку челична основа, без разлика дали станува збор за фиксна или монтажна конструкција.

Декинг за сплавови и пристаништа

Благодарение на густата структура на прстените и високиот процент на смола, Сибирскиот Ариш покрај топлиот изглед претставува и исклучително долготрајно решение. Со редовно одржување може да трае со децении и не случајно го има добиено епитетот “Вечно дрво”.

Сибирски Ариш

Вид на дрво што доаѓа од срцето на Сибир. Тоа е листопаден четинар чии иглички паѓаат во зима како резултат на екстремно ниските температури кои одат и под -80С. Поради исклучително суровата клима, има бавен раст, па потребни се околу 400 години за да се достигне зрелоста на стеблото Ариш. Се карактеризира со светла боја, специфична густина од 650 kg/m3, компактна структура, набиени прстени, висок процент на смола и значително помалку целулозно ткиво од другите видови четинари. Комбинацијата на природни карактеристики и географско потекло го прават Сибирскиот Ариш едно од најбараните и најотпорните видови дрва наменето за употреба во надворешна услови.

Вечно дрво

Многу е кажано за издржливоста и долговечноста на Сибирскиот Ариш. Веројатно еден од најпознатите историски факти заради кој на овој четинар му бил даден епитетот „вечно дрво“ е поврзан со изградбата на средновековен град на устието на реката Брента во Венецијската лагуна. Со децении, носеле стебла Ариш од Сибир и ги поставувале длабоко во талогот сè додека не се формирал темелот на кој денес стои Венеција.

SavaDECK терасна даска

Со масивните decking профили, дизајниравме модел со скриен систем за фиксирање. Декинг платформата добива елегантен и минималистички изглед бев видливи елементи за поврзување. 

Тонирање и заштита

SavaDECK wood line за тонирање и заштита препорачува хибридни масла и лазурни премази. Широката палета на бои ја нагласува единствената структура на овoj четинар.

Дрвени decking подови

Погледнете ја комплетната понуда на дрвени decking подови.