WPC decking подовите се наменети за надворешна употреба. Тие се користат како подни облоги на тераси, патеки околу базени, надворешни скали, градини за угостителски објекти итн.
За разлика од дрвото, композитниот декинг не треба дополнително да се фарба, лакира и заштитува секоја година. Отпорен е на гниење, влага и UV зрачење, така што има подолг век на траење од дрвените подни облоги. Natur серијата на декинг е дизајнирана со прстени од зимзелени дрва како што се Сибирскиот Ариш и Кедар.
Доколку сакате дрвен под со природен изглед, кој не бара дополнителни трошоци за одржување, со скриен систем за поврзување, серијата Natur е долгорочно решение за сите видови приватни и јавни објекти.