Во екстремни услови на експлоатација, како што се рудниците, дрвото Сибирски Ариш опстојува со децении, па затоа е докажан материјал кој сѐ повеќе се користи во модерната архитектура и градежништво.
Декинг подовите од Сибирски Ариш се постојани и отпорни на сите надворешни влијанија како што се дожд, снег и UV зрачење. Се користат за изработка на платформи на сплавовите, како подни облоги на терасите, градините на угостителските објекти, патеките околу базените, итн.…
Сибирскиот Ариш може да се тонира со хибридни масла или лазурни премази, што дополнително ја истакнува неговата уникатна структура.