Savadeck Asa – 10-годишна гаранција на постојаност на бојата

Композитните профили за изработка на огради, а подоцна и за декинг подови, фасади и перголи почнаа да се појавуваат на американскиот пазар кон крајот на 1980-тите. 

Нивниот развој е поттикнат од зголемувањето на количината на рециклираните полимери, но и од зголемениот интерес на потрошувачите за трајни производи кои бараат минимално одржување. 

Првично, првите аргументи за продажба на композитни профили беа дека тие не содржат штетни и потенцијално опасни материи, траат значително подолго од дрвото и не бараат одржување. 

Дали е тоа баш толку едноставно? 

Денес, останати се истите аргументи од крајот на 1980-тите, но се наметнати и дополнителни барања за безбедност, анти-лизгање, пожар, отпорност на абразија, 

UV стабилност, продолжување на гарантниот период и други. 

По пола деценија работење со WPC подови, се сретнавме со различни барања, следевме и донесовме иновации на пазарот и повеќето одговори можете да ги најдете во овој дел.

Каков вид на материјал е WPC decking (Wood plastic composite)?

Како што може да сугерира насловот, станува збор за композит на термо пластика (PE, PP, PVC или PLA), дрвени влакна и адитиви. 

Покрај влакната од дрво, во последните неколку години се користат и други органски материјали како што се влакна од пулпа, оризови или лушпи од кикиритки, бамбус … 

Хемиските адитиви изгледаат практично „невидливо“ во композитната структура и одговорни се за интеграцијата на полимерите и дрвената маса. 

Композитот од пластика и дрво сè уште е релативно „нов“ материјал во споредба со долгата историја на дрвото како основен градежен материјал. 

Најраспространетата употреба на WPC е во Северна Америка и Европа. 

Речиси е тешко да се замисли парк, панорама или пристаниште во Северна Америка или делови од Европа без композитни wpc подови. 

Ист е случајот и со приватните објекти. 82% од домовите во САД имаат decking платформа во нивниот двор, а овој тренд се прошири и во Европа. 

Сè почесто во проектите се цртаат wpc подови на терасите или базените наместо керамички плочки или печатен бетон.

Како decking платформите станаа најбараниот под за надворешна употреба?

Изгледа како вистински под!

Споредено со другите подови за надворешна употреба како што се керамички плочки, печатен бетон, бекатон коцки, каде што е најчеста коцкастата форма, decking таблата која е долга 3 или 4 метри и широка 15 см, дава поинаков изглед, изглед на патос!

Едноставна монтажа на wpc декингот

Декинг платформата може да се направи на сите подлоги. На земја, песок, бетон, над керамички плочки, бекатон или асфалт. 

Додека другите подови бараат целосна подготовка на подлогата, како што е бетонирање или правење цементна подлога што значително ја зголемува цената на проектот, decking платформите директно се монтираат на придружната конструкција, што е значително поповолно и побрзо за производство отколку бетонските. 

Скриениот систем за поврзување на таблите со помош на спојници и завртки, овозможува едноставна и брза изработка на декинг платформи, без груба работа.

Декинг платформата може да се направи на сите подлоги. На земја, песок, бетон, над керамички плочки, бекатон или асфалт. 

Додека другите подови бараат целосна подготовка на подлогата, како што е бетонирање или правење цементна подлога што значително ја зголемува цената на проектот, decking платформите директно се монтираат на придружната конструкција, што е значително поповолно и побрзо за производство отколку бетонските. 

Скриениот систем за поврзување на таблите со помош на спојници и завртки, овозможува едноставна и брза изработка на декинг платформи, без груба работа.

Постојаност на бојата кај WPC decking подовите?

Речиси сите материјали се разградуваат под влијание на UV зраците. Таков е и пигментот. Барем тоа беше до пред неколку години. 

Денес, многу напор се вложува во развој на нано технологии,заради што сѐ почесто може да се забележат керамички заштити и лакови за автомобили кои гарантираат 10-годишна постојаност на бојата. 

Исто е и со завршните градежни материјали, многу видови на заштита се тестираат и развиваат. 

Сериозните производители вложуваат значителни напори за да спречат обезбојување по долгогодишно изложување на UV зраци. 

И покрај усовршувањето на традиционалната технологија за изработка базирана на екструзија, примената на адитиви со највисок квалитет, промената на бојата е ставена под контрола, но не е спречена. 

Поради оваа причина, доаѓа  до развој на нова технологија, т.е. ко-екструзија и примена на материјалот Аѕа кој е целосно UV стабилен. 

Во основата на профилот сè уште се наоѓа композитен материјал, но е обложен на надворешните страници со материјал кој гарантира постојана боја за долг век на употрба. 

Овој начин на изработка е поскап од конвенционалниот декинг, но е единственото познато и применливо решение на проекти за кои е потребна апсолутна UV отпорност .

10-годишна гаранција?

Гаранцијата е еден од најзначајните аргументи што се користат во маркетингот и продажбата на декингот. 

Кај повеќето производители можете да најдете исклучително долг период на гаранција, но дали е баш така? 

Условите на гаранцијата првенствено се однесуваат на отпорноста на композитот на фрактури, габи, гниење и напад на инсекти, т.е. ларви и термитити. 

Врз основа на лабораториски тестови и реална примена, угледните производители гарантираат рамки во кои е дозволена промена во карактеристиките. 

Пример е гаранцијата за постојаност на бојата. Дозволени се рамномерни промени во рамки на нијансата, но не и декингот да ја промени бојата целосно. 

Со редовна употреба на декинг платформата како резултат на абразијата, доаѓа до природно абење. 

Ова е случај и со другите материјали што интензивно се користат, меѓутоа, поради видот на обувките што се користат абењето на базените, ќе биде многу помалку видливо во споредба со другите јавни површини по кои се гази со многу погруби обувки. 

Со цел да го одржите вашиот декинг долг временски период, треба да обрнете внимание на одржувањето на декинг платформата. 

Дамките од храна, масло за јадење или моторно масло може успешно да се отстранат со употреба на вода и детергент. 

Дамката треба да се отстрани на време додека не навлезе во декинг таблата. 

Исто така, важно е да се знае дека употребата на агресивни хемикалии, кои понекогаш може да се појават и со врнежите, може да остави трајни дамки на површината на декингот, кои инаку не се опфатени со гаранцијата.

Како WPC подовите реагираат на надворешните услови?

Промената на температурата, влажноста на воздухот, присуството на вода (барови на плажа, базени, дожд), неколку месеци под снег, голема фреквенција на луѓе, мебел со метални ногарки, сето ова ќе влијае на изгледот на вашиот под по неколку години. 

Изберете декинг според условите за примена, но и според вашите можности.

Декингот не е мебел

Имајте на ум дека декингот сепак е под што стои надвор и страда од сите услови што ги опишавме порано. 

Дали е реално да се очекува да изгледа исто и по 10 години употреба? 

Ако поставите декинг на јавна површина, како што е патека во парк или градина на угостителски објект, исплатливо е да се избере premium класа на декинг која е поскапа, но и потрајна, поотпорна и доаѓа со продолжена гаранција. 

Изборот на материјали, технологијата на производство и квалитетот на поврзувачките елементи влијаат на цената, како и на животниот век. 

За приватна употреба, можете да изберете декинг од пониска класа, бидејќи интензитетот на употреба е неколку пати помал. 

Сепак, дождот, снегот и UV зраците остануваат и во вакви услови декингот мора да го исполни минималниот квалитет за да не стане нежен и кршлив по само една сезона на употреба. 

Последно, но не и најмалку важно …

Начин на монтажа на wpc декинг подот

Издржливоста на декинг платформата е на прво место по квалитетот на изработката, но и најквалитетниот декинг, доколку е лошо инсталиран, нема да трае ниту една година. 

Повеќето рекламации произлегуваат заради несоодветно монтиран декинг. 

Што точно значи ова? На прво место, несоодветна подготовка за подконструкцијата. Неправилно или непрофесионално направена подконструкција порано или подоцна ќе предизвика проблеми. 

Доколку декинг таблата не е поставена на идеално рамна површина, со текот на времето ќе почне да се криви, што е сигурен пат до пукање и механичко оштетување. 

При поставувањето на подконструкцијата, неопходно е да се задржи растојанието помеѓу профилите пропишани од производителот и што е најважно, дилатациското растојание на предните делови на таблите. 

Композитот на пластика и дрво е материјал што се шири под влијание на сонцето и покачени температури. 

Доколку не се остави дилатациско растојание на сите предни склопови за време на монтирањето, а таблите не се одвоени од сите статички предмети (ѕид, парапет, скалила, итн…), сигурно ќе се појават непожелни дефекти. 

Неквалитетниот избор на завртки и спојници е честа причина за оштетување на decking подот. 

Ако завртките и спојниците не се соодветно заштитени и не се наменети за надворешна употреба, брзо ќе се појави корозија, што ќе предизвика завртките да попуштат и да ги одделат таблите од подконструкцијата. 

Доколку одлучите сами да ја монтирате вашата декинг платформа, не заборавајте да побарате упатство за монтажа пропишано од производителот, бидејќи секој декинг има свои толеранции што мора да се почитуваат за платформата да се користи многу години. 

Доколку имате прашање поврзано со wpc декингот и не го пронајдовте одговорот во овој текст, слободно објавете го во коментарите подолу.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *